Важна информација за запишување на факултет



Сите студенти кои се примени и ги има на конечната ранг листа, потребно е да дојдат на 12.09.2022 и 13.09.2022 и да го завршат запишувањето на Факултетот. При запишувањето кандидатите поднесуваат :

  1. Индекс, студентска легитимација и пријавни листови (може да ги најдете во книжарата на факултетот).
  2. Три фотографии (две фотографии со димензии 3,5×4,5 и една со димензии 2×3).
  3. Потврда за уплатени 750 денари со назнака ИКСА на УКИМ, ФФОСЗ (да се наведе факултетот – носител на студиската програма), на жиро сметката 100000000063095 депонент : НБРСМ, со сметка на буџетски корисник 1600103689 788 18, приходна шифра 723012, програма 41. Овој надоместок го поднесуваат сите примени кандидати, во сите категории студенти (вклучително и студентите ослободени од плаќање партиципација и кофинансирање, по разни основи).
  4. Уплатница од 6,100 денари (државна квота) или 12,200 денари (приватна квота), зависно од квотата во која е примен студентот, на жиро сметката : 1600103093 788 18 и приходна шифра 723012, програма 41.
  5. Уплатница од 1000 денари за осигурување на жиро сметката : 1600103093 788 18, приходна шифра 723012, програма 41.

Напомена, сите уплатници и останати образци ги има готови во книжарата на факултетот. Доколку ви треба дополнителна информација, обратете се на: 078 219 268