ПРОЕКТИ НА ИНСТИТУТОТ ЗА НАУЧНО-ИСТРАЖУВАЧКА РАБОТА ВО СПОРТОТ
„Науката во функција на спортот и вежбањето“ е главното мото на Институтот. Институтот во целост ги стави на располагање своите научни, стручни, технички ресурси и капацитети за сите спортски, образовни институции, рекреативци и љубители на спортот и вежбањето. На сето ова, му претходеше период на подготовка кој вклучуваше набавка на современи инструменти, технички средства и опрема, а потоа пуштена во функција беше нова „Аналитичко-дијагностичка лабораторија“ која значително ги подобри условите за научно-истражувачка дејност.
Токму ова го препознаа нашите клиенти, а за што сведочи и секојдневното тестирање на голем број лица (спортисти, ученици, рекреативци) кои ги користат услугите на Институтот.
Повеќе информации за услугите ОВДЕ.
Изминатите неколку денови во Институтот за научно-истражувачка работа во спортот, Научно-истражувачкиот клуб на студенти од ФФОСЗ „да Винчи“ комплетираше дел од предвидените активности за реализација на проектот „Релации помеѓу показатели од телесниот состав и моторичките способности кај студенти од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје“. За таа цел најпрво беше извршена анализа на телесниот состав а потоа и тестирање на моторичките способности на студентите. Периодот што претстои ќе бидат реализирани и останатите фази од проектот се’ до неговото финализирање.
Проектот е финансиски поддржан од Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” и истиот ќе биде реализиран во координација со Комисијата за наука при Универзитетското студентско собрание. (22.4.2024 г.). |
Изминатиов период реализирано беше тестирање на релевантни антрополошки димензии на репрезентативците на Македонија во параолимпискиот спорт кошарка во количка.
Во Република Македонија овој спорт започнува да се игра во мај 2023 година. Раководството пред себе има поставено сериозна агенда и планови за во иднина. Во оваа насока беше и тестирањето кое е прво од ваков вид во нашата земја а главната цел на истото беше преку утврдување на моменталната состојба на антрополошките димензии да се помогне во подобрувањето на физичките перформанси кои понатаму ќе резултираат со постигнување на повисоки спортски резултати.
(6.5.2024 г.) |
Со вкупна површина од околу 800 m2, од кои околу 600 м2 спортска сала и 200 м2 простории за морфолошки мерења и анализа на телесниот состав, соблекувални и тоалети, Институтот претставува водечка институција од ваков вид во земјава.
Главна цел на проектот е преку примена на соодветна научно-истражувачка методологија која вклучува користење на современи иснтрументи да се изврши дијагностика на морфолошките карактеристики, телесниот состав и моторичките спсособности на децата.
Дијагностиката на антрополошкиот статус на децата е редовна пракса во наставно-образовниот процес во развиените земји и претставува нераскинлива алка во синџирот за креирање образовни политики.
Имајќи го ова предвид сигурни сме дека добиените резултати од дијагностиката ќе претставуваат солидна основа за формирање реална слика за морфолошкиот и моторичкиот развој на децата. Покрај тоа, резултатите ќе бидат искористени и за формирање на национални нормативи преку кои ќе се објективизира предикцијата на нивните максимални дострели. Од друга страна пак, резултатите од овој проект ќе овозможат идентификација на талентирани ученици кои врз основа на анализираните морфолошки карактеристики и моторички способности како и своите афинитети ќе добијат и соодветна препорака за занимавање со одреден спорт.
Во проектот учество ќе земат околу 300 деца од 20 училишта од 10 града од земјава.
Денес по распоред беа следните скопски училишта:
(9.11.2022 г.)
|
🇲🇰
Добиените резултати од дијагностиката влегуваат во завршниот испитен модул на нивниот национален тренер Билјана Кузмановска Николовска, “Periodization in sport and long term athlete development”, кои треба да ги брани пред комисија од Меѓународниот Олимписки Комитет.
(30.4.2022)
|
🇲🇰🏀⛹Аналитика и дијагностика на антрополошкиот статус на македонската кошаркарска репрезентација У16. Во тек е подготвителниот период за настап на ФИБА Европа Челинџерот, кој во периодот од 16. до 21. август ќе се одржи во Скопје (28.7.2021) |
🇲🇰🏀⛹Аналитика и дијагностика на антрополошкиот статус на македонската кошаркарска репрезентација У14. Во тек е подготвителниот период за настап на силниот меѓународен турнир „Словенија бол“ во Словењ Градец кој ќе се организира во месец август. (13.7.2021) |
🇲🇰🏀⛹Денес во Маврово беше извршено тестирање на базичните моторички способности и специфично-моторичките способности на машката кошаркарска репрезентација У18, која следните денови ќе ги реализира висинските подготовки како дел од планот за темпирање на формата пред настапот на ФИБА Европа Челинџерот, кој во периодот од 3. до 8. август ќе се одржи во Скопје. На овој силен турнир ќе настапат уште и селкциите на Шпанија, Германина, Грузија, Хрватстка и Србија.
(26.6.2021) |
🇲🇰🏀⛹Институтот за научно-истражувачка работа во спортот при ФФОСЗ, започнува со аналитичко-дијагностички активности на машките младински кошаркарски селекции М18, М16, М14. Непосредно пред стартот на периодот за подготовки за важните натпревари на меѓународна сцена, предвидени се серија мерења и тестирања кои имаат за цел добивање реална слика за нивниот потенцијал, од што ќе зависи планирањето, програмирањето и реализирањето на тренажните содржини.
Еден дел од активностите ќе бидат спроведени во Скопје, а друг дел во Маврово каде селекциите ќе ги реализираат висинските подготовки.
Циклусот на аналитичко-дијагностички активности започна денес со селекцијата М18, на која и беше извршена анализа на телесниот состав. Утре ги стартува подготовките во Маврово каде ќе бидат извршени тестирања на базичните моторички способности и специфично-моторичките способности.
(24.6.2021) |
Македонската одбојкарска федерација ја доби организацијата на европското првенство за одбојкарки до 19 години кое ќе се одржи 2022 г., што претставува еден од главните императиви репрезентацијата да постигне забележителен резултат.
За таа цел изменатиот период и периодот до започнување на шампионатот, МОФ ќе организира селективни тренинзи во чиј план е предвидена аналитика и дијагностика на антрополошкиот статус на одбојкарките. Овие активности, пред се имаат за цел успешна селекција на одбојкарките, процена на нивниот моторички потенцијал, утврдување на ефектите од тренажниот процес и формирање на прецизни одредници кои ќе го трасираат патот на одбојкарките во наши идни успешни сениорски репрезентативки.
|
Анализа на телесниот состав на млади и перспективни борачи, членови на македонската репрезентација. Меѓу нив и Бесир Алили, европски кадетски шампион од последното првенство одржано во Фиренца 2019 година. (15.12.2020) |
Анализа на телесниот состав на млади и перспективни таеквондисти, членови на македонската репрезентација. Меѓу нив и Филип Додевски, кој на последниот европски клупски шампионат одржан во Солун 2019 година го освои златниот медал и Ана Марија Георгиевска која на светскиот јуниорското светско првенство во Тунис 2018 година го освои бронзениот медал. (10.12.2020) |
Анализа на телесниот состав на млади и перспективни каратисти членови на македонската репрезентација. Меѓу нив и Фахик Весели, освојувач на златен медал на светскиот куп во 2017 година, и Александар Неделковски петто пласиран на светското јуниорско првенство одржано во Чиле 2019 година. (1.12.2020) |
Анализа на телесниот состав на млади и перспективни велосипедисти членови на македонската репрезентација. (27.11.2020) |
Анализа на телесниот состав на млади и перспективни гимнастичари членови на македонската репрезентација. (19.11.2020) |
Анализа на телесниот состав на млади и перспективни репрезентативци во бадминтон. (16.11.2020) |
Анализа на телесниот состав на млади и перспективни атлетичари членови на македонската репрезентација. Меѓу нив и нашата најдобра атлетичкарка Дрита Ислами рекордерка на 400 метри и учесничка на летните олимписки игри во Рио 2016 година. (6.11.2020) |
Анализа на телесниот состав на млади и перспективни џудисти членови на македонската репрезентација. (3.11.2020) |
Анализа на телесниот состав на млади и перспективни тенисери членови на македонската репрезентација. (20.10.2020) |
Анализа на телесниот состав на млади и перспективни кајакари членови на македонската репрезентација. Меѓу нив и Ангел Петрушев, кој се закити со златен медал на Европскиот куп одржан во Словенија 2018 г. (12.10.2020) |
Анализа на телесниот состав на млади и перспективни пливачи членови на македонската репрезентација. (7.10.2020) |
Анализа на телесниот состав на млади и перспективни репрезентативци во стрелаштво. (30.9.2020) |
Дијагностика на антрополошки димензии кај млади талентирани мечувалци. (9, 10 и 11.9.2020) |
Мерење на антропометриските карактеристики и дијагностиката на базичните и специфично-моторичките способности на кошаркарите од КК МЗТ Скопје Уни Банка. (5 и 6.8.2020) |
Мерење на антропометриските карактеристики, процена на телесниот состав и дијагностика на базичните моторички способности на актуелниот лидер во македонското првенство ОК Вардар. (20.2.2020) |
Мерење на антропометриските карактеристики, процена на телесниот состав и дијагностика на базичните моторички способности на ЖОК Вардар. (14.2.2020) |
Дијагностика на антрополошки димензии на најдобро рангираниот македонски тенисер во јуниорска конкуренција Калин Ивановски (24.1.2020 г.) |
Дијагностика на антрополошки димензии кај бијатлонци членови на македонската младинска репрезентација. (27.12.2019 г.) |
Дијагностика на антрополошки димензии кај стрелци членови на македонската младинска репрезентација (12.12.2019 г.) |
Дијагностика на антрополошки димензии кај тенисери членови на македонската младинска репрезентација. (29.11.2019 г.) |
Дијагностика на антрополошки димензии кај гимнастичари членови на македонската младинска репрезентација. (29.11.2019 г.) |
Дијагностика на антрополошки димензии кај атлетичари членови на македонската младинска репрезентација. (08.11.2019 г.) |
Дијагностика на антрополошки димензии кај кајакари членови на македонската младинска репрезентација. (1.11.2019 г.) |
Дијагностика на одредени антрополошки димензии кај младински репрезентативци во таеквондо. (18.10.2019 г.) |
Дијагностика на антрополошки димензии кај младински репрезентативци во бадминтон. (9.10.2019 г.) |
Дијагностика на антрополошки димензии кај младински репрезентативци во карате. (11.07.2019 г.) |
Дијагностика на антрополошки димензии кај ученици атлетичари учесници на училишниот спортски камп „Охрид 2019“. (4.7.2019 г.) |
Дијагностика на антрополошки димензии кај ученици тенисери учесници на училишниот спортски камп „Охрид 2019“. (2.7.2019 г.) |
Дијагностика на антрополошки димензии кај ученици одбојкари учесници на училишниот спортски камп „Охрид 2019“. (27.6.2019 г.) |
Дијагностика на антрополошки димензии кај ученици кошаркари учесници на училишниот спортски камп „Охрид 2019“. (26.6.2019 г.) |
Дијагностика на антрополошки димензии кај ученици ракометари учесници на училишниот спортски камп „Охрид 2019“. (3.7.2019 г.) |
Дијагностика на антрополошки димензии кај ученици каратисти учесници на училишниот спортски камп „Охрид 2019“. (28.6.2019 г.) |
Дијагностика на антрополошки димензии кај младински репрезентативци во џудо (20.6.2019 г.) |
Дијагностика на одредени антрополошки димензии кај младински репрезентативци во велосипедизам. (11.06.2019 г.) |
Дијагностика на одредени антрополошки димензии кај младински репрезентативци во пливање. (5.6.2019 г.) |
Дијагностика на одредени антрополошки димензии кај младински репрезентативци во борење. (17.05.2019 г.) |
Мерење на антропометриските карактеристики и тестирање на базичните моторички способности на млади спортисти членови на македонската атлетска репрезентација. (22.2.2019 г.) |
Мерење на антропометриските карактеристики и тестирање на базичните моторички способности на млади спортисти членови на македонската тениска репрезентација и на македонската џудо репрезентација. (8.2.2019 г.) |
|
Мерење на антропометриските карактеристики и тестирање на базичните моторички способности на млади спортисти членови на македонската стрелачка репрезентација (6.2.2019 г.) |
Мерење на антропометриските карактеристики и тестирање на базичните моторички способности на млади спортисти членови на македонската стрелачка репрезентација (4.2.2019 г.) |
Мерење на антропометриските карактеристики и тестирање на базичните моторички способности на млади спортисти членови на македонската таеквондо репрезентација и на македонската таквондо репрезентација. (1.2.2019 г.) |
Мерење на антропометриските карактеристики и тестирање на базичните моторички способности на млади велосипедисти членови на македонската репрезентација. (30.1.2019 г.) |
Мерење на антропометриските карактеристики и тестирање на базичните моторички способности на млади каратисти членови на македонската репрезентација. (28.1.2019 г.) |
Мерење на антропометриските карактеристики и тестирање на базичните моторички способности на млади џудисти членови на македонската репрезентација. (25.1.2019 г.) |
Мерење на антропометриските карактеристики и тестирање на базичните моторички способности на млади тенисери членови на македонската репрезентација. (23.1.2019 г.) |
|
Мерење на антропометриските карактеристики и тестирање на базичните моторички способности на млади пливачи членови на македонската репрезентација. (21.1.2019 г.) |
Мерење на антропометриските карактеристики и тестирање на базичните моторички способности на млади спортисти членови на македонската бадминтон репрезентација. (21.1.2019 г.) |
Мерење на антропометриските карактеристики и тестирање на базичните моторички способности на млади кајакари членови на македонската репрезентација. (15.1.2019 г.) |
Мерење на антропометриските карактеристики и тестирање на базичните моторички способности на млади борачи членови на македонската репрезентација. (14.1.2019 г.) |
Промоција на проектот „Млади спортски надежи“ пред националните спортски федерации, кој под покровителство на Агенцијата за млади и спорт, а во реализација на Институтот за научно-истражувачка работа при Факултетот за физичко образование, спорт и здравје од Скопје, ќе се реализира наредните шест години. Главна цел на проектот е научна поддршка за националните спортски федерации и нивните стручни лица, преку дијагностика односно процена и мониторирање на релевантни антрополошки димензии на млади перспективни спортисти од Република Северна Македонија, кои имаат потенцијал за високи спортски дострели. (19.9.2018) |
Мерење на антропометриските показатели и тестирање на базичните и ситуационо-моторичките способности на ракометари членови на младинската репрезентација на Македонија, спроведено на 17.6.2018 г. |
Процена на моторичкиот статус и нивото на владеење со спортската техника на женската младинска одбојкарска репрезентација на Македонија. (7.12.2017 – Спортска сала: Македонски Херои, Факултет за физичко образование, спорт и здравје – Скопје). |
Тестирања на базичните моторички способности на учениците од спортската академија во ракомет, кошарка, фудбал и тенис (1.10.-25.10.2017, Спортска сала: Македонски Херои, Факултет за физичко образование, спорт и здравје – Скопје). |
Тестирања на основните моторички способности, ситуационо-моторичките способнисти и проценка на спортската техника кај младинските кошаркарски репрезентации У16 женски (10.8.2017 – Спортска сала: Македонски Херои, Факултет за физичко образование, спорт и здравје – Скопје). |
Тестирања на основните моторички способности, ситуационо-моторичките способнисти и проценка на спортската техника кај младинските кошаркарски репрезентации У15 машки (10.8.2017 – СРЦ Кале). |
Тестирања на основните моторички способности, ситуационо-моторичките способнисти и проценка на спортската техника кај младинските кошаркарски репрезентации У16 машки (13.7.2017 – СРЦ Јане Сандански, мала сала). |
Тестирања на основните моторички способности, ситуационо-моторичките способнисти и проценка на спортската техника кај младинските кошаркарски репрезентации У14 машки (16.6.2017 – СРЦ. Кале). https://kfsm.mk/blog/video-kako-izgledashe-analizata-na-reprezentativc |