УСФМ – Меѓународен ден на Универзитетскиот спорт



Денес на Факултетот за Физичко образование,спорт и здравје, во организација на Универзитетската спортска федерација на Македонија се одржа Конференција посветена на 20-ти Септември-Меѓународен ден на Универзитетскиот спорт прогласен од УНЕСКО. Конференцијата беше со тема:Песперктивите на Универзитетскиот спорт во Република Северна Македонија.
Присутните беа поздравени од Претседателот на Универзитетската спортска федерација на Македонија Проф. Д-р Ленче Алексовска-Величковска и Директорот на Агенцијата за млади и спорт на Република Северна Македонија, господинот Наумче Мојсовски.
Во своите излагања посебно ја нагласија потребата од издигнување на Универзитетскиот спорт на повисоко ниво како специфична алка која низ својот систем на натпревари ќе ги поттикне студентите спортисти да ја продолжат својата спортска кариера со посебен осврт на се помасовно имплементирање на двојната кариера како најнов глобален тренд и суштинска потреба.
Присутните беа поздравени и од страна на Господинот Матјаж Печовник, Генерален Секретар на Европската Универзитетска Спортска Федерација, како и Претседателот на Турската Универзитетска спортска федерација господинот Мехмет Ѓунај.
На конференцијата свое излагање имаа претставниците од Универзитетските спортски Сојузи, Универзитетските спортски центри како и истакнати студенти спортисти.
Присутни беа претставници од следните Универзитети:
Универзитет „Св. Кирил и Методиј„- Скопје,
Универзитет „Св. Климент Охридски“-Битола,
Универзитет „Гоце Делчев“-Штип,
Државен Тетовски Универзитет-Тетово,
ФОН-Американски Универзитет на Европа-Скопје,
Универзитет на Југоисточна Европа-Тетово,
Меѓународен Славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“-Битола
Универзитет „Мајка Тереза“-Скопје,
како и претставници од:
Факултетот за физичка образование,спорт и здравје при УКИМ, Скопје
и Катедрата за физичко образование, спорт и спортски менаџмент на нематичните факултети при Факултетот за физичко образование, спорт и здравје.
Посебно обраќање имаше и Селекторот на Универзитетската карате репрезентација на Република Северна Македонија Д-р Бошко Заборски.
Присутни беа и голем број на студенти спортисти предводени од студентите каратисти носители на медали од последните Европски Универзитетски Игри.
Кај сите присутни преовладуваше позитивно мислење за унапредување на Универзитетскиот спорт со акцент на двојната кариера како основа за личен и општествен развој на денешните студенти-спортисти а утрешни лидери и двигатели на општеството.