32 студента, 5.650,00 евра.
1. Од вкупната цена од 5.650 евра која се уплатува за трет циклус студии, 250 евра се уплаќаат на Школата за докторски студии при УКИМ и 5.400 евра се уплаќаат во 6 еднакви рати во текот на 6 семестри (секој семестар по 900 евра).
2. Како дополнителни трошоци за студентите, а во врска со истражувањето на темата е статистичката обработка на податоците за потребите на докторскиот труд, која во зависност од потребите е според ценовникот на Центарот за анализа и обработка на податоците при Факултетот за физичко образование, спорт и здравје.
Преземи документ: Конкурс за трет циклус 2021-2022
Рок за пријавување и запишување | Прв уписен рок | Втор уписен рок |
Пријавување на кандидатите | 20.9. – 4.10.2021 | 15.12. – 22.12.2021 |
Објавување прелиминарни листи | 12.10.2021 | 27.12.2021 |
Одлучување по приговори | 18.10.2021 | 10.1.2022 |
Објавување конечни листи | 22.10.2021 | 17.1.2022 |
Запишување на кандидатите | 25.10. – 3.11.2021 | 24.1. – 28.1.2022 |
Услови и начин на запишување студенти
1. Право за запишување на докторски студии имаат лица кои завршиле соодветни студиски програми и кои ги исполнуваат следниве основни критериуми:
– завршени I циклус на студии усогласени со европскиот кредит-трансфер систем (во натамошниот текст: ЕКТС-кредити);
– завршени постдипломски студии по студиските програми пред воведувањето на европскиот кредит-трансфер систем, на кои им се признаваат 60 кредити од обука за истражување и едукација;
– стекната стручна подготовка според студиски програми за регулирани професии, со остварени најмалку 300 ЕКТС-кредити;
– остварен просечен успех од сите предмети од претходно завршеното високо образование, од најмалку 8,00 (I и II циклус на студии, односно додипломски и постдипломски студии);
– познавање на еден од светските јазици. Доказ за познавање на светски јазик е: сертификат од Филолошкиот факултет„Блаже Конески“ (не постар од пет години), или меѓународен сертификат(не постар од пет години), или диплома за претходно стекнато образование – додипломски студии (прв циклус) или постдипломски студии(втор циклус), завршено на еден од светските јазици.
Селекција на кандидатите
По завршувањето на конкурсот, советот на студиската програма објавува прелиминарна ранг-листа на примени кандидати на докторските студии, за секоја студиска програма, односно потпрограма одделно. Селекција на кандидатите
По завршувањето на конкурсот, советот на студиската програма објавува прелиминарна ранг-листа на примени кандидати на докторските студии, за секоја студиска програма, односно потпрограма одделно.
Документи за пријавување
Кандидатот кој се пријавува на конкурсот поднесува:
– пријавен лист, со назначување на избраната студиска програма за која конкурира;
– писмо за мотивација, со назначување на областа на истражување и предлог на ментор од листата на ментори;
– прелиминарна согласност од потенцијалниот ментор за прифаќање на кандидатот;
– кратка биографија;
докази со кои се докажува исполнетоста на условите за запишување, и тоа:
– уверение за положени испити од прв циклус студии, односно од додипломски студии
– уверение за положени испити од втор циклус студии, односно од постдипломски студии
– диплома од прв циклус студии, односно од додипломски студии
– диплома од втор циклус студии, односно од постдипломски студии сертификат/ уверение за познавање на светски јазик согласно со условите во глава II, точка1, алинеја 5;
– кандидатите кои своето високо образование, додипломски студии (прв циклус) и постдипломски студии (втор циклус), го завршиле во странство, доставуваат нострифицирани документи, со кои се докажува исполнетоста на условите за запишување на трет циклус– докторски студии, како и еквиваленција на оценките доколку системот на оценување е различен од Р. Македонија.
Документацијата се доставува во фотокопија, а оригиналите се доставуваат на увид. Документите доставени по пошта треба да бидат заверени на нотар.
Пријавите на кандидатите со некомплетни документи нема да бидат разгледувани.
Документи за запишување
При запишувањето, примените кандидати поднесуваат:
– индекс и пријавни листови;/ три фотографии(две фотографии со димензии 3,5 х 4,5 и една со димензии 2 х 3);
– потврда за уплатена школарина за првиот семестар на докторските студии (школарината се плаќа на 6 еднакви рати на почетокот на секој семестар, во денарска противвредност).
При уплаќањето на првата рата, кандидатите:
– 250 евра во денарска противвредност уплаќаат на Школата за докторски студии на Универзитетот„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на следнава сметка: 160 010 3689 788 18; приходна шифра и програма: 723012 41; банка на примач: Народна банка на Република Македонија;
– остатокот од износот го уплаќаат на сметка на факултетот/институтот– организатор на студиската програма.
При уплаќање на ставките под точка V и VI се доставува и по една уплатница пп 50 со 50,00 денари уплата, со назнака за административна такса. Важна напомена:
Личните податоци на уплатницата ПП50 (име, презиме, адреса на живеење и ЕМБГ), задолжително да бидат од студентот што го поднесува образецот што подлежи на административна такса.
ЗАБЕЛЕШКА:
Детални информации за условите за запишување на секоја од објавените студиски програми, потребната документација, организацијата и временскиот распоред на студиските програми, како и листата на ментори, заинтересираните кандидати можат да ги добијат во Школата за докторски студии.
Контакт-информации:
– адреса: бул. Гоце Делчев бр.9, 1000 Скопје
лица за контакт:
– Весна Марковска (3293 207, e-адреса: v.markovska@ukim.edu.mk)
– Катерина Климоска (3293 207, e-адреса: kklimoska@ukim.edu.mk)
– интернет-страница: www.ukim.edu.mk/doktorski_studii