- Мај 16, 2025
- ФФОСЗ
- 0
Почитувани студенти,
Во продолжение може да го преземете распоредот за јунската испитна сесија за прв циклус на студии, која ќе започне на 02.06.2025 година. Право на полагање имаат студентите кои го запишале летниот семестар за учебната 2024/25 година.
Пријавувањето ќе биде овозможено од 21.05.2025 до 02.06.2025 и е задолжително за сите студенти.
Ве молиме пријавете ги сите испити кои ќе ви се појават во iKnow.
Доколку испитот не е пријавен електронски во предвидениот рок, студентот е должен да уплати 1000 денари на жиро сметката на факултетот и истиот ќе му биде пријавен во службата за студентски прашања.