- Авг 10, 2020
- ФФОСЗ
- 0
СООПШТЕНИЕ ЗА ВОНРЕДНИТЕ СТУДЕНТИ НА ФФОСЗ И СТУДЕНТИТЕ ОД НЕМАТИЧНИТЕ ФАКУЛТЕТИ НА УКИМ
Наставно-научниот совет на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, на 93–та седница, одржана електронски на 7.7.2020 година, донесе Одлука за определување надомест за дополнителни семинари со дел.бр. 0201-542 /4.
- За вонредните студенти на Факултетот за физичко образование, спорт и здарвје во Скопје, кои не посетувале/реализирале настава (семинар/и) во зимскиот/летниот семестар, Факултетот организира дополнителни семинари. Семинарот по одреден предмет ќе се одржи во договор со предметниот наставник.
За дополнителен семинар по одреден предмет, се определува надомест во висина од 1000 денари. Студентот при посета на дополнителниот семинар потребно е да достави доказ за извршена уплата во износ од 1000 денари.
- За студенти (редовни/вонредни) од нематични факултети во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, кои не посетувале/реализирале настава (семинар) во зимскиот/летниот семестар, Факултетот организира допoлнителни семинари. Семинарот по одреден предмет ќе се одржи во договор со предметниот наставник.
За дополнителен семинар по одреден предмет, се определува надомест во висина од 500 денари. Студентот при посета на дополнителниот семинар потребно е да достави доказ за извршена уплата во износ од 500 денари.