- Апр 23, 2020
- ФФОСЗ
- 0
Почитувани,
За жал, мора да ве информираме за промената на начинот на одржување на нашата конференција, која треба да се одржи од 4 до 6 Јуни 2020 година во Скопје (Република Северна Македонија). Поради новонастаната состојба со пандемијата на Ковид/19 во Европа, сакаме да ве информираме дека од физичка конференција ќе ја организираме како виртуелна конференција. Сите предходни информации остануваат исти заедно со роковите за пријавување на трудови, единствено ќе добиете дополнителни информации за приклучување на нашата интернет платформата за конференцијата преку нашата интернет страна https://ffosz.ukim.edu.mk/.
Сите пристигнати трудови ќе бидат објавени на нашиот интернет зборник на трудови, додека дел од трудови ќе бидат објавени во меѓународно научно списание RESEARCH IN PHYSICAL EDUCATION, SPORT AND HEALTH линк: http://pesh.mk/. Секој учесник ќе добие интернет сертификат за учество и презентација на труд.
Со почит,
Факултет за физичко образование, спорт и здравје.