ПРВ АКАДЕМСКИ ЧАС И СВЕЧЕНО ДОДЕЛУВАЊЕ НА ИНДЕКСИ НА БРУЦОШИТЕ

  • Home
  • Македонски
  • ПРВ АКАДЕМСКИ ЧАС И СВЕЧЕНО ДОДЕЛУВАЊЕ НА ИНДЕКСИ НА БРУЦОШИТЕ


На 1 октомври 2025 година, на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје – Скопје се одржа свечениот прв академски час и доделувањето на индекси за новата генерација бруцоши од академската 2025/2026 година.

Во свечена и позитивна атмосфера, студентските индекси им беа доделени на бруцошите, со што симболично беше означен почетокот на нивното академско патување.

На настанот присуствуваа наставниот кадар, истакнати професори и асистенти, а со пригодни обраќања до новите студенти се обратија деканот проф. д-р Влатко Неделковски и продеканот за настава проф. д-р Андријана Мисовски, кои им посакаа срдечно добредојде, успех и истрајност во текот на студиите.

Факултетот за физичко образование, спорт и здравје останува посветен на создавање на стручни и мотивирани кадри во областа на физичкото образование, спортот и здравјето – подготвени да придонесат за развој на здраво, активно и одговорно општество.

На новата генерација студенти им посакуваме искрено добредојде и многу академски успеси!