- Дек 18, 2025
- ФФОСЗ
- 0
✅Денеска на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје се случи прием достоен за шампиони! Деканот на ФФОСЗ свечено ги прими нашите студенти – вистински спортски херои кои ја претставуваа Македонија на Светското првенство во кик-бокс кој се одржа во Абу Даби, настан од највисок ранг со учество на над 60 земји и повеќе од 2.000 врвни натпреварувачи од целиот свет.
👉Во жестока и бескомпромисна конкуренција, нашите репрезентативци покажаа срце, знаење и карактер, освојувајќи:
🇲🇰Стефан Михајловски – сребрен медал🥈
🇲🇰Силвио Мировски – бронзен медал🥉
со што уште еднаш го истакнаа македонското знаме на светската спортска мапа.
Тука беше и Максим Митровски🇲🇰 од Кбк Шампион🏆 – кои се закити со златен медал и пехар за најдобар сениор на ринг во Lou Kick дисциплината на Балканското првенство „Балкан Бест Фајтер”
Деканот на ФФОСЗ Проф.д-р Влатко Неделковски и Проф. Д-р Жарко Костовски (професор по боречки спортови) им честитаа за извонредниот успех, истакнувајќи дека ФФОСЗ е горд дом на шампиони кои со своите резултати се пример за посветеност, дисциплина и врвни вредности во спортот. Овој успех е уште една потврда дека ФФОСЗ создава лидери, победници и амбасадори на македонскиот спорт. 🥊🏆


![]()




