- Сеп 18, 2025
- ФФОСЗ
- 0
Почитувани идни студенти,
Во прилог e конечната ранг листа за првиот уписен рок за учебната 2025/2026 година.
Примените кандидати се запишуваат на 22.09.2025 година. При запишувањето кандидатите поднесуваат :
- Индекс и студентска легитимација (може да ги најдете во книжарата на факултетот).
- Три фотографии (две фотографии со димензии 3,5×4,5 и една со димензии 2×3).
- Потврда за уплатени 750 денари со назнака ИКСА на УКИМ, ФФОСЗ (да се наведе факултетот – носител на студиската програма), на жиро сметката 100000000063095 депонент : НБРСМ, со сметка на буџетски корисник 1600103689 788 18, приходна шифра 723012, програма 41. Овој надоместок го поднесуваат сите примени кандидати, во сите категории студенти (вклучително и студентите ослободени од плаќање партиципација и кофинансирање, по разни основи).
- 100 денари со назнака Електронско заверување на семестар на УКИМ, ФФОСЗ (да се наведе факултетот – носител на студиската програма), на жиро сметката 100000000063095 депонент : НБРСМ, со сметка на буџетски корисник 1600103689 788 18, приходна шифра 723012, програма 41.
- Уплатница од 6,150 денари (државна квота) или 12,300 денари (приватна квота и квота за вонредни студенти), зависно од квотата во која е примен студентот, на жиро сметката : 1600103093 788 18 и приходна шифра 723012, програма 41.
- Уплатница од 1000 денари за дополнителни трошоци при заверување на семестар на жиро сметката : 1600103093 788 18, приходна шифра 723012, програма 41.
- Овој надоместок студентите го поднесуваат секоја учебна година, при запишување на зимскиот семестар.
Напомена, сите уплатници и потребни документи ги има готови во книжарата на факултетот.