ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА УПИС И ДОКУМЕНТИ



Почитувани идни студенти и кандидати на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје,

1. Ве молиме обратете внимание на прикачување на документите на upisi.ffosz.ukim.edu.mk! Се прикачуваат во последниот чекор од аплицирањето во долниот дел на веб страната во посебниот дел наречен Прикачени документи.

2. Истите документи задолжително испратете ги и на upisi-ffosz@ukim.edu.mk. Како наслов на меилот ставете број на пријава.

Прикачувањето на документите е задолжително и испраќањето на меил е исто така задолжително!!! Мора да ги испратите документите на двете места како што е набројано под 1. и 2. погоре!!!

Оние кои ги имаат направено овие чекори, нема потреба да ги прават повторно.

Сите кои не ги направиле, ве молиме во најскор рок да ги испратите документите бидејќи вашата апликација нема да може законски да биде разгледана доколку документите не се прикачени на upisi.ukim.mk и испратени на меил на upisi-ffosz@ukim.edu.mk.

Доколку имате потешкотија за процесот на аплицирање, детално упатство може да најдете на овој линк: https://ffosz.ukim.edu.mk/wp-content/uploads/2020/08/upis-na-iknow-za-studenti.pdf

Алтернативно, обратете се утре (27.08.2020) во Студентската служба на факултетот од 09:00 – 15:00ч со сите спремни документи за да може да ги скенирате на лице место и да ја комплетирате вашата апликација.

Останати термини се 31.08.2020 (понеделник) и 01.09.2020 (вторник) до 16:00 најкасно.

Ве молиме носете заштитна опрема: маска, ракавици и одржувајте дистанца од 2м при влез во факултетот.