- Апр 08, 2020
- ФФОСЗ
- 0
Учење на далечина и за на наставата по предметот Спорт и здравје кој се реализира на повеќето факултети на УКИМ, а се изведува преку Катедра по физичко образование, спорт и спортски менаџмент на нематични факултети во состав на УКИМ при Факултетот за физичко образование, спорт и здравје.
Изведување на настава е усогласена со начинот на реализација на дејностите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и единиците во неговиот состав согласно со мерките на надлежните органи во Република Северна Македонија за спречување на внесување и ширење на коронавирусот CoVid-19.
Промените во оваа настава односно “ учење од далечина “ се во насока на подобрување на интересот за изучување на кинезиолошките принципи и вредности, сé поголемата потреба на студентите за физичка активност во актуелната состојба.
Препораките за физичка активност се во насока за подобрување на физичките способности и доброто здравје, а се базираа на ефектите од различни видови на физички вежби. Затоа од особена важност е промовирање на физичката активност со цел да им се помогне на студентите да ги компензираат своите движечки ограничувања и да ја зголемат физичката активност, а со тоа да го подобрат и сочуваат своето физичко и ментално здравје.
Вака конципирана наставна односно изведување на физичка активност преку on line “учење од далечина“ е во согласнот со современите програмски активности присутни во странските високо развиени образовни установи, како и искуства во смисла на важноста на физичката активност за студентската популација.
Предметот Спорт и здравје, во овој семестар преку ZOOM платформа се реализира на 10 факултети на УКИМ, каде се вклучени преку 1300 студенти поделени во повеќе групи.
* ВАКВИОТ ВИД НА НАСТАВА ОД СТРАНА НА СТУДЕНТИТЕ Е ПРИФАТЕНА СО ОГРОМНО ЗАДОВОЛСТВО .
Со Почит,
Факултет за физичко образование, спорт и здравје