- Мај 23, 2025
- ФФОСЗ
- 0
Со особена чест Ве информираме дека во понеделник, на 26 мај 2025 година, ќе се одржат финалните натпревари од Универзитетските спортски игри на УКИМ, во Спортската сала „Македонски Херои“, во склоп на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје (ФФОСЗ).
📌 РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ:
📍 Спортска сала „Македонски Херои“, ФФОСЗ
Понеделник, 26.05.2025 година
-
🕚 11:00 ч. – Финале во ракомет (мажи): Машински факултет – ФИНКИ
-
🕛 12:00 ч. – Финале во мал фудбал (мажи): ФФОСЗ – Машински факултет
-
🕐 13:00 ч. – Финале во кошарка (мажи): ФФОСЗ – Медицински факултет
По завршување на натпреварите ќе следи свечена церемонија на доделување медали и пехари за победничките екипи.
Почесни гости на настанот ќе бидат:
-
Проф. д-р Биљана Ангелова – Ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“
-
Г. Борко Ристовски – Министер за спорт
-
Декани на факултетите при УКИМ
Овој настан е одлична можност за унапредување на спортскиот дух и зајакнување на меѓуфакултетската соработка. Ги покануваме сите студенти, професори и вработени да бидат дел од овој спортски празник!
