Европски универзитетски шампионат во боречки спортови

  • Home
  • Македонски
  • Европски универзитетски шампионат во боречки спортови


🏆 Гордост и успех за македонските студенти! 🇲🇰

На приемот организиран од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, Деканот проф. д-р Влатко Неделковски и Продеканот за настава проф. д-р Андријана Мисовски ги пречекаа студентите – победници на Европскиот универзитетски шампионат во боречки спортови, кој се одржа во Варшава, Полска (22–25 август 2025 година).

Нашите млади спортски јунаци донесоа три медали во карате:
🥇 Ангела Мојсовска – злато
🎓 Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје
Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ)

🥈 Љупчо Михајлов – сребро
🎓 Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип
Економски факултет

🥉 Викторија Јовановска – бронза
🎓 Универзитет „Скопје“
Факултет за компјутерски науки

Тренери:
👊 д-р Бошко Заборски – селектор на универзитетската карате репрезентација на Македонија
👊 м-р Жарко Арсовски – селектор на карате тимот на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип

А со златен сјај блеснаа и нашите студенти од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје на Балканскиот куп во кик бокс и маи таи:
🥇 Максим Митровски – студент на ФФОСЗ
🥇 Силвио Мировски – студент на ФФОСЗ
под водство на селекторот Дејан Митровски и тренерот Драган Атанасовски.

🔥 Честитки за сите натпреварувачи и тренери!
Вие сте нашата гордост и најдобар доказ дека трудот, дисциплината и љубовта кон спортот секогаш носат резултат. 💪🇲🇰