Документи за пријавување и запишување за втор циклус – втор уписен рок

  • Home
  • Македонски
  • Документи за пријавување и запишување за втор циклус – втор уписен рок


Почитувани студенти,

Потребните документи како и начинот на аплицирање можете да ги најдете на официјалниот конкурс објавен од УКИМ за втор циклус – втор уписен рок.

Пријавувањето на кандидатите се врши електронски на платформата upisi.ukim.edu.mk. Дополнително, потребно е сите ваши документи да ги испратите скенирани на: upisi-ffosz@ukim.edu.mk

  • Во предмет (Subject) на електронската пошта, кандидатите го наведуваат бројот што автоматски им го генерирал системот за електронско пријавување.
    Во прилог на приjавата, треба да се прикачат (во Attach File) скенирани следниве документи:
    – пријавен лист за запишување;
    – електронска пријава (од www.upisi.ukim.mk);
    – оригинален документ за завршен прв циклус студии (диплома или уверение);
    – куса биографија (CV);
    – потврда за активно познавање странски јазик;
    – потврда за уплатена административната такса во износ од 50,00 денари (Образец ПП50: Назив на примачот: Трезорска сметка-Скопје; Банка на примачот: НБРСМ; Трансакциска – – сметка 100-0000000-630-95; Уплатна сметка 840-ХХХ-03161; Конто 72231300)
    – препораки од наставни или научни работници (доколку има такви);
    – список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку кандидатите имаат);
    – документи за евентуални награди, признанија и други документи.

При запишувањето, примените кандидати поднесуваат:
– индекс и пријавни листови
– две фотографии (3,5х4,5)

Рокови:

Пријавување на кандидатите: 1 февруари – 1 март 2021
Запишување на кандидатите: 3 – 5 март 2021