Анкета за Европската студентска картичка (European Student Card Survey 2025)

  • Home
  • Втор циклус
  • Анкета за Европската студентска картичка (European Student Card Survey 2025)


Почитувани,

Во продолжение е линкот до Анкетата за Европската студентска картичка (European Student Card Survey 2025), која е отворена до 27 октомври 2025 година.

Анкетата е наменета за студенти, универзитетски кадар и даватели на студентски услуги во сите 33 земји поврзани со програмата Erasmus+. За нејзино пополнување не е потребно претходно искуство со Европската студентска картичка, а времето за пополнување е приближно 10 минути.

Линк до анкетата: https://ec.europa.eu/eusurvey/runner/ESC_Survey_2025

Анкетата претставува важен инструмент за собирање информации за корисноста, познавањето и предизвиците при користење на Европската студентска картичка, а резултатите ќе помогнат во нејзино понатамошно унапредување на европско ниво.

Ви благодариме за соработката и поддршката!

Со почит,

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност