- Фев 23, 2021
- Aleksandar Aceski
- 0
Институтот за научно-истражувачка работа при Факултетот за физичко образование, спорт и здравје од Скопје, започна циклус на аналитичко-дијагностички активности на идните женски јуниорски репрезентативки во одбојка.
Македонската одбојкарска федерација ја доби организацијата на европското првенство за одбојкарки до 19 години кое ќе се одржи 2022 г., што претставува еден од главните императиви репрезентацијата да постигне забележителен резултат.
За таа цел изменатиот период и периодот до започнување на шампионатот, МОФ ќе организира селективни тренинзи во чиј план е предвидена аналитика и дијагностика на антрополшкиот статус на одбојкарките. Овие активности пред се, имаат за цел успешна селекција на одбојкарките, процена на нивниот моторички потенцијал, утврдување на ефектите од тренажниот процес и формирање на прецизни одредници кои ќе го трасираат патот на одбојкарките во наши идни успешни сениорски репрезентативки.
Голема благодарност до студентите за денешниот ангажман