- Окт 28, 2019
- ФФОСЗ
- 0
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ИЗБОРИ НА ЧЛЕНОВИ И ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ФАКУЛТЕТСКО СТУДЕНТСКО СОБРАНИЕ НА ФФОСЗ
Почитувани студенти, Ве известуваме дека согласно член 114, а во врска со член 37 став 6 од Законот за високото образование (Сл. весник на РМ бр. 82/2018), член 65 Статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје (Универзитетски гласник бр. 425/2019 година) и член 59 од Статутот на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје (Универзитетски гласник бр.453/2019 година), се распишуваат избори на 6 (шест) членови на Факултетското студентско собрание и избор на 1 (еден) претседател на Факултетското студентско собрание на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Изборите ќе се спроведат на 27.11.2019 година (среда) во просториите на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје во Скопје, во периодот од 9 до 16 часот.
Кандидатите за претставници во Факултетското студентско собрание се утврдуваат на собири на студентите, по предлог на студентите од секоја студиска година запишани на додипломски студии и по предлог на студентите запишани на посдипломски и дикторски студии, во учебната 2019/2020 година.
Право да избираат и да бидат избрани за членови на Факултетското студентско собрание имаат сите студенти на Факултетот, кои се запишани на студии во учебната 2019/2020 година и имаат запишан зимски семестар.
За претседател на Факултетското студентско собрание може да биде избран редовен студент на Факултетот со најмалку завршен трет семестар (положени сите испити заклучно со трет семестар).
Членовите во Факултетското студентско собрание и претседателот на Факултетското студентско собрание се избираат на фер, демократски избори со тајно гласање.
ПОСТАПКА ЗА ИЗБОР НА ЧЛЕНОВИ И ИЗБОР НА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ФАКУЛТЕТСКОТО СТУДЕНТСКО СОБРАНИЕ
Изборната комисија од член 3 на оваа одлука:
- ја спроведува изборната постапка/и
- донесува одлука со која констатира дека предложените кандидати ги исполнуваат, односно не ги исполнуваат условите да бидат предложени за членови во факултетското студентско собрание. Во одлуката се наведува личното име на кандидатот, дали е запишан во семестарот, односно во годината кога се вршат изборите, студиската година, студиската програма и сл. Одлуката од комисијата е конечна;
- ги утврдува резултатите од гласањето;
- составува записник за резултатите од гласањето на факултетот и за крајниот резултат;
- врши други работи со цел спроведување на изборите.
Изборната комисија донесува Упатство со кое се утврдува нејзината работа, го утврдува изгледот на гласачкото ливче, утврдува образец на записник, начинот на гласање и пребројување на гласовите, резултатот од гласањето, известувања, записници и сл., чување и увид во изборната документација и за други прашања поврзани со постапката за организација на изборите, гласањето и утврдување на резултатите од гласањето.
Упатството се објавува на веб-страницата на Факултетот, најдоцна 7 дена пред одржување на изборите заедно со Одлуката со која се констатира дали предложените кандидати ги исполнуваат, односно не ги исполнуваат условите.
Кандидатите за претседател и членови во факултетското собрание се утврдуваат на собири на студентите по години на студии, со тоа што од секоја студиска година се предлагаат кандидати за претставници во факултетското студентско собрание.
Собирите на студенти по години кога ќе се предлагаат членови за Факаултетското студенстско собрание и предлозите за претседател на ФСС, ќе се спроведат во следните термини:
- Собирот на студенти од прва година ќе се одржи на ден 14 ноември 2019 година со почеток во 13 часот во амфитеатар.
- Собирот на студенти од втора година ќе се одржи на ден 13 ноември 2019 година со почеток во 13 часот во предавална 1.
- Собирот на студенти од трета година ќе се одржи на ден 14 ноември 2019 година со почеток во 13 часот во предавална 2.
- Собирот на студенти од четврта година ќе се одржи на ден 14 ноември 2019 година со почеток во 13 часот во предавална 3.
- Собирот на студенти од посдипломски студии од сите години ќе се одржи на ден 12 ноември 2019 година со почеток во 13 часот во Деканат;
- Собирот на студенти од докторски студии од сите години ќе се одржи на ден 14 ноември 2019 година со почеток во 13 часот во Деканат.
Факултетското студентско собрание го сочинуваат претставници од студентите по години од додипломски студии и од постдипломски и докторски студии и тоа:
- претседател на ФСС на ФФОСЗ
- еден претставник од прва година;
- еден претставник од втора година;
- еден претставник од трета година;
- еден претставник од четврта година;
- еден претставник од постдипломски студии и
- еден претставник од докторски студии.
Право да избираат и да бидат избрани за членови на факултетското студентско собрание имаат сите студенти на факултетот, кои се запишани на студии во учебната 2019/2020 година.
За Претседател на факултетското студентско собрание може да биде избран редовен студент на Факултетот кој ги положил сите испити заклучно со трет семестар.
Врз основа на спроведените собири на студенти по години, Изборната комисија ја донесува одлуката од точка 1, алинеја 3, најдоцна до 18 ноември 2019 година (понеделник).
За избран претседател и членови на факултетското студентско собрание се смета/сметаат кандидатот/кандидатите кои добиле најмногу гласови од студентите кои гласале.
Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето, а задолжително да се објави на web страната на факултетот и да се достави поединечно до сите студенти на нивните маил адреси.
Комисија
- Проф. д-р Милан Наумовски – член
- Проф. д-р Иван Анастасовски – член
- Драган Думевски – студент – IV
- Теодора Димитровска – студент IV
- Николина Мартиновска – студент– III