- Јан 17, 2020
- ФФОСЗ
- 0
Почитувани,
Во прилог ја доставуваме конечната листа на примени кандидати (во вториот рок).
Уписот на студентите во матична книга треба да се заврши најдоцна 15 дена од донесувањето на Одлуката донесена од Универзитетскиот стручен совет за докторски студии. Уписот се реализира во согласност со Правилникот за формата и начинот на водењето (во материјална и електронска форма) и содржина на матичната книга на запишани студенти и главната книга на дипломирани студенти (Сл. весник на РМ, бр. 102 од 1.6.2018 година).
Согласно член 27 од Правилникот за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање на трет циклус студии – докторски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје (Универзитетски гласник бр.418/2019), примерок од договорите, согласностите на ментори и направениот избор на предмети, се доставува до Школата за докторски студии.
Со почит,
Одделение за наука
Кликнете на линкот подолу за да го преземете документот:
Odluka_za_primeni_kandidati_vtor_rok_2019-20-1512020-95SSDS