Втор циклус

  • Home
  • Втор циклус

Конкурс за запишување студенти на втор циклус студии

Преземи документ: Конкурс за втор циклус 2021-2022

На Факултетот за физичка култура во Скопје во прва година на втор  циклус студии се предвидува да се запишат следниов број студенти:
– 30 студенти студиска програма – кинезиологија, 2 семестра,  цена  2000 евра.
– 30 студенти студиска програма – спортски менаџмент, 2 семестра, цена 2000 евра.

– 30 студенти студиска програма – спортски туризам, 2 семестра, цена 2000 евра.

Право на конкурирање
Право на конкурирање имаат кандидати што ги исполнуваат следниве општи услови:
– да  завршиле  прв  циклус  студии  на  соодветни  или  сродни  студии  и  кои  исполнуваат  други
– услови  предвидени  со  студиските  програми  за  организирање  втор  циклус  студии  на соодветниот факултет, односно научен институт.

Документи за пријавување
Пред пријавувањето  во роковите утврдени со Конкурсот, секој заинтересиран кандидат  треба  да  се  регистрира  на  www.upisi.ukim.edu.mk  и  да  ја  пополни  електронската  пријава.  Бројот  којшто  кандидатот  автоматски  го  добил  од  системот  за  електронското  пријавување  треба  да се внесе и во пријавниот лист што се поднесува при пријавувањето за запишување.  Пријавувањето се врши на соодветниот факултет односно научен институт.

Со пријавата кандидатите поднесуваат:
– пријавен лист за запишување;
– електронска пријава (од www.upisi.ukim.edu.mk);
– диплома за завршен прв циклус студии;
– куса биографија (CV);
– потврда за знаење странски јазик;
– препораки од наставни или научни работници (доколку има такви);
– список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку кандидатите имаат);
– документи за евентуални награди, признанија и други документи

Рокови за пријавување и запишување

Прв рок Втор рок*
Пријавување на кандидатите 20 до 29.9.2021 7. до 18.2.2022
Запишување на кандидатите 1 и 4.10.2021 21. до 24.2.2022