- Фев 16, 2022
- ФФОСЗ
- 0
Уписот на летен семестар ќе биде овозможен од 16.02.2022 до 28.02.2022 во студентската служба на факултетот. (по овој период има казна за задоцнето запишување на семестар).
Ве потсетуваме дека за сите студенти – задолжително е електронско пријавување на новиот семестар и запишување на предметите на iKnow (за да избегнете непотребно плаќање на казни).
Факултетот за физичко образование, спорт и здравје ви посакува среќно студирање во новиот летен семестар во учебната 2021/2022г.