- Јун 28, 2019
- ФФОСЗ
- 0
Подобрување на квалитетот на физичкото образование на ниво на основното образование и презентирање на неговата важност и значење за здравјето
и доброто на генерациите кои доаѓаат, беше денешната тема на настанот кој беше во организација на ФФОСЗ, а се одржа во Скопје
Проектот насловен како „ТАНДЕМ НАСТАВНИЦИ“, во кој на часот по физичко и здравствено образование од прво до петто одделение, покрај одделенски наставник беше вклучен и предметен наставник наставник, како дел од програмата на Еразмус+ поддржана од Европската Унија, веќе од следната учебна година треба да биде дел од наставната програма.
Министерот за образование Арбер Адеми, уште еднаш говореше за големото значење на оваа програма пред се од аспект на подобрување на квалитетот наставата, унапредување на физичките способности, моторните вештини и знаења од областа на физичката и здравствена култура кај децата.
Преку ваквиот модел на физичко образование, уште од најраната возраст, компетентни лица ќе може да ги насочуваат децата кон спортот за кој покажуваат интерест и резултат, а токму од таму, клубовите и федерациите треба да ги црпат кадрите идни спортисти, македонски репрезентативци, напомена директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски
Деканката на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје (ФФОСЗ), Ленче Алексовска Величковска, уште еднаш ја потенцира придобивката од ваквата реформа пред се во однос на здравјето на младите генерации и поразителните факти кои говорат дека секое трето дете е со зголемена телесна тежина, но и физички деформитети.
Програмата како пилот проект минатата учебна година беше изведена во пет основи училишта во скопските општини, Центар, Карпош, Чаир, Горче Петров и Кисела Вода, а истата веќе е во процедура на носење на закон, по што се очекува веќе од претстојната учебна година да биде применувана во целокупниот образовен систем во државата.