Согласност со пандемската ситуација, Факултетот за физичко образование, спорт и здравје ги одржува своите предавања онлајн – привремено – преку платформата Zoom.
Во блиска иднина, ќе се изврши промена на платформата во Microsoft Teams кој овозможува неограничено користење.
Упатство за најава на Microsoft Teams:
Сите студенти на ФФОСЗ имаат регистрирани бесплатни и неограничени акаунти на Microsoft Office 365 заедно со Microsoft Teams.
Шемата која се следи за корисничко име на сите студенти е: ime.prezime@students.ffosz.
Доколку сепак имате потешкотии при најавувањето, можете да го искористите видео упатството подолу каде е детално објаснета процедурата за најавување и како да го дознаете вашето корисничко име:
Откога успешно ќе го дознаете вашето корисничко име, следете ги следните чекори за да започнете да го користите Microsoft Teams:
1. Следете го овој линк за најава на Microsoft Teams: https://www.office.com/login?
2. Најавете се со вашето корисничко име и лозинка кои сега ви се познати следејќи ја процедурата од погоре.
3. Кликнете на иконата на Microsoft Teams
4. Честито! успешно сте најавени на платформата и можете да ја користите.
Напомена: нема потреба да се инсталира програмата локално, може да се користи и преку вашиот веб прелистувач (Google Chrome, Mozilla Firefox…). Ако сакате, можете и да ја инсталирате на десктоп, но не е задолжително. Само исклучете го на X прозорецот што ќе ви препорача да ја инсталирате апликацијата и продолжете со работа.