Дијагностика на антрополошки димензии на мечувалци

  • Home
  • Дијагностика на антрополошки димензии на мечувалци
🇲🇰🤺 Неколку месеци после иницијалната дијагностика на антрополошките димензии на талентирани мечувалци , денес Институтот за научно-истражувачка работа во спортот при ФФОСЗ спроведе контролна дијагностика чија примарна цел беше утврдување на ефектите од тренажниот процес.
Добиените резултати од дијагностиката влегуваат во завршниот испитен модул на нивниот национален тренер Билјана Кузмановска Николовска, “Periodization in sport and long term athlete development”, кои треба да ги брани пред комисија од Меѓународниот Олимписки Комитет.
📌Дел од активностите беа реализирани во еден од новите објекти на Институтот каде пред неколку дена завршија градежните зафати.
👉 Голема благодарност до студентите кои максимално посветено ги извршија своите работни задачи.
(30.4.2022)