СТАРТ НА УНИВЕРЗИТЕТСКИТЕ СПОРТСКИ НАТПРЕВАРИ



ЗАПОЧНАА УНИВЕРЗИТЕТСКИТЕ СПОРТСКИ ЛИГИ НА УКИМ

(11.03.2019 година)

Денес со натпреварите во кошарка, стартуваше петтата сезона на универзитетските спортски натпревари на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје. На нив се очекува да настапат повеќе од 1600 студенти од сите факултети кои се дел од УКИМ.

Традиционално како и во изминатите години така и оваа, студентите од УКИМ ќе имаат можност да ги одмерат своите “сили” на спортските терени во екипните спортови: кошарка, мал фудбал, ракомет и одбојка,  во машка и женска конкуренција. Интересно е да се напомене дека за прв пат годинава публиката ќе има можност да ги следи  натпреварите во мал фудбал и во женска конкуренција кои се на програмата од наредната недела.

Покрај екипните спортови на Универзитетските спортски натпревари на УКИМ ќе бидат застапени и пет поединечни спортови : стрелање со воздушна пушка, тенис, куглање, пинг-понг и во шах во машка и женска конкуренција.

Студентите од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје со победа ги отворија  Универзитетските спортски игри, тие во првиот натпревар ги поразија своите противници од правниот факултет со резултат 77 : 61.

Натпреварите од универзитетските спортски игри кои ги организира УКИМ, во соработка со Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, кој е реализатор на секојдневните натпревари во текот на неделата од 14 до 17 часот. Вратите на спортската салата “Македонски херои” која се наоѓа во кругот на ФФОСЗ, ќе бидат отворени за сите вљубеници во спортот.

Според предвидениот распоред натпреварите по одделни спортови  ќе се одигруваат во следните денови: понеделникот е резервиран за  кошарката, вторник за мал фудбал, среда за ракомет и четврток за одбојка.

Им посакуваме успех и дружење на сите учесници, во фер и коректна борба нека победи подобриот.

Денес на натпреварите во кошарка беа постигнати следните резултати:

ФФОСЗ (М) – ПРАВЕН (М): 77 : 61

ФЕИТ (Ж) – ПРАВЕН (Ж): 20 : 0

ФИНКИ (М) – ФЕИТ (М): 44 : 40