← Назад
ЦЕНТАР ЗА КАРИЕРА

Спортско-рекреативни активности по повод 13 Ноември

Спортско-рекреативни активности по повод 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје

Факултетот за физичко образование, спорт и здравје при УКИМ, преку Катедрата за спорт и здравје, организира две спортско-рекреативни активности за студентите од различните факултети при УКИМ.

7 ноември – Студентска планинарска тура

Студентите од различните факултети при УКИМ ќе имаат можност да учествуваат во заедничка планинарска тура, предводена од професорите од Катедрата за спорт и здравје.

Целта е поттикнување на физичката активност, љубовта кон природата, дружењето и меѓуфакултетското поврзување.

13 ноември – Рекреативна прошетка покрај Вардар

По повод празникот на градот Скопје, ќе се организира рекреативна прошетка на кејот на реката Вардар, проследена со кратки заеднички физички вежби.

Активноста е насочена кон промоција на активниот начин на живот, рекреацијата и грижата за здравјето.

Заедно за поздрав и поактивен студентски живот!

Со овие активности, Факултетот ја потврдува својата посветеност на промоцијата на спортот, физичката активност и здравите животни навики кај студентската популација.