Преку Катедрата за спорт и здравје, Факултетот за физичко образование, спорт и здравје при УКИМ организираше две активности за студентите од различните факултети.
Целта: движење, дружење и повеќе врски меѓу факултетите.
По повод празникот на градот Скопје, студентите се собраа на рекреативна прошетка, проследена со кратки заеднички физички вежби на отворено.
Со овие активности Факултетот ја потврдува својата посветеност на промоцијата на спортот, физичката активност и здравите животни навики кај студентската популација.
Се гледаме на следната! 🍂