RPESH2020: 4та меѓународна научна конференција



RPESH2020: 4та МЕЃУНАРОДНА НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО ФИЗИЧКОTO ОБРАЗОВАНИЕ, СПОРТОТ и ЗДРАВЈЕТО, 27-29 МАЈ, СКОПЈЕ, РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Почитувани,

Од име на Факултет за физичко образование, спорт и здравје,  Универзитет „ Св. Кирил и Методиј“, Скопје, Република Северна Македонија и Организацискиот комитет на конференцијата, со задоволство објавува информација за претстојната 4та Меѓународна научна конференција во Физичкото образование, спортот и здравјето.

27 до 29 Мај 2020 година

Хотел АЛЕКСАНДАР ПАЛАС (http://www.aleksandarpalace.com.mk/),

Адреса: Бул. Октомвриска Револуција, бр.15

1000 Скопје, Македонија

Тел: + 389 2 3092 392, Факс: + 389 2 3092 152

Целта на конференцијата е да ги собере сите релевантни научни и стручни лица од областа на образаовнието и спортот на едно место, и од тие причини нудиме голем избор на теми од областа на спортот и образованието.

ОФИЦИЈАЛНИ ЈАЗИЦИ НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА

  1. Македонски, и
  2. Англиски

ГЛАВНИ ТЕМИ

Анатомија и физиологија на спортот и вежбањето,

Спортска психологија,

Спортско управување и комерцијализација,

Спорт и обука на наставници,

Спорт и наставни методи,

Спортска етика,

Здравје, велнес и фитнес

Биомеханика на спорт и вежбање,

Технологија во спортот,

Моторна контрола, моторички развој и моторичко учење,

Спортска медицина и исхрана,

Спорт култури и идентитети

Физичко образование, елементарни игри и спорт,

Социологија на спорт и спортска педагогија,

Спортски туризам и рекреација,

Спортско новинарство и

Адаптирано физичко образование и спорт за лица со попреченост.

ВИДОТ НА ПРЕЗЕНТАЦИЈА: УСНА ИЛИ ПОСТЕР

Усна презентација, на секој прифатен труд да биде од времетрaење од 15 до 20 минути.

Постер презентација, ќе биде организарана пред тричлена комисија за оценување на трудовит, времетрање на презентација до 5 минити

КЛУЧНИ ДАТУМИ

Процес   Рок
Аплицирање              Наслов и апбстракт  (200 збора максх.) до 01/02/2020
Поднесување на трудот   Целосен труд до 01/03/2020
Регистрација на конференцијата На денот на конференцијата во хотелот 27/05/2020

Категорија 1

Котизација за секој труд изнесува 70 евра, без оглед на бројот на автори.

Категорија 2*

Котизацијата за студенти од трет циклус на студии изнесува 20 евра, поединечно за секој труд.

Категорија 3*

Котизацијата за студенти од втор циклус на студии изнесува 10 евра, поединечно за секој труд.

Категорија 4*

Студенти од прв циклус на студии не плаќаат котизација.

*Цените од категориите 2, 3 и 4 важат само за студенти. Доколку некој што не припаѓа во тие категории се јави како коавтор на труд од студент , котизацијата се пресметува како што е наведено во категорија 1. Еден автор (коавтор) може да се појави на најмногу два труда.

Котизацијата вклучува: Акредитација, работни материјали, зборник на трудови, сертификат. Патните и трошоците за престој се обврска на излагачот.

Електронска пошта: prof.anastasovski@gmail.com или gontarevserjoza@gmail.com