Институт за научно-истражувачка работа во спортот

  • Home
  • Институт за научно-истражувачка работа во спортот

Во последната деценија се актуализира потребата од основање на Институт при Факултетот за физичка култура во Скопје. Поаѓајќи од акционите определби, уште во 2005 година беше презентиран акционен план за организационата поставеност на овој Институт. Крајната цел беше да се опфатат граѓанската и училишната  популација, рекреативниот и врвниот спорт. Меѓутоа,  во наредните години таа идеја тлееше, за во 2013 година конечно, со голема поддршка на ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Мeтодиј”во Скопје, Министерството за образование и наука и Агенцијата за млади и спорт, како и бројни спортски федерации, да се пристапи кон конституирање на ИНСТИТУТ ЗА НАУЧНОИСТРАЖУВАЧКА РАБОТА ВО СПОРТОТ. Институтoт, во рамките на својата дејност:

  • организира и остварува научноистражувачка и издавачка дејност;
  • организира и остварува применувачка, односно апликативна дејност;
  • учествува при изработката на програмите за научно-истражувачката работа на Факултетот;
  • изведува стручни, советувачки и други применувачки, односно апликативниуслуги за потребите на спортските клубови, националните спортски федерации, воспитно-образовните институции и институциите на централната и локалната власт, невладините организации и др.;
  • учествува во создавањето научен подмладок;
  • се грижи за развојот на научните дисциплини и струки;
  • го поддржува вклучувањето на студентите во научноистра­жувачката работа;
  • ги проучува можностите и формите на пренесување на научноистражувачките резултати во практиката;
  • врши и други работи утврдени со програмата за работа на Институтот.

Научно-стручен подмладок на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје.

Сo Институтот раководи раководител кој има докторат од соодветната област. Првиот и актуелен раководител е д-р сц. Томислав Андоновски. Според планираното, во реализацијата на програмата на Институтот можат да бидат ангажирани наставници, соработници и асистенти – докторанти од катедрите, како и одредени надворешни соработници, стручни лица од одредени области.

  • Во прв план е воспоставување на уште потесна соработка со спортските федерации, надлежни за репрезентативните селекции и клубовите од сите нивоа на натпреварување. На Факултетот се созреани условите за превземање одговорност за посовремен развој на врвниот спорт и давање придонес во активното имплементирање на современите научни сознанија.
  • Исто така, програмска определба на Институтот е да се третираат и потребите на граѓаните од аспект на одржување на позитивниот психофизички статус и неговиот развој.
  • Третиот сегмент е опфаќање на училишната популација со интенција да се следат, анализираат и подобруваат состојбите на нивниот антрополошки статус.

 

Подетални информации за активностите на Институтот, реализираните и актуелните проекти кликнете ОВДЕ.

Подетални информации за услугите на Институтот ОВДЕ.