Not seeing a Scroll to Top Button? Go to our FAQ page for more info.
Додипломски Студии
Постдипломски Студии
Докторски Студии
Литература

 

ФАКУЛТЕТ ЗА ФИЗИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ, СПОРТ И ЗДРАВЈЕ

Ценејќи ја 34-годишната традиција на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје при Универзитетот „Св.Кирил и Методи” од Скопје, може слободно да кажам дека истата претставува најстара и најреномирана наставно-научна институција во Република Македонија од подрачјето на кинезиологијата. Успешната работа на Факултетот од 34-годишниот период на неговото постоење се темели пред се на извонредните кадровски потенцијали кои успеаја да имплементираат поголем број студиски програми на додипломско, постдипломско и докторско ниво. Во тој контекст главен императив, односно мисија на факултетот претставува:

- унапредување на квалитетот на образовните услуги,

- создавање на квалитетни и конкурентни кадри на пазарот на трудот во земјава и странство и

- подигнување на образовното ниво на целата македонска популација (се разбира пред се од доменот на кинезиологијата).

Студентите се темел за постоењето на секоја високообразовна институција, а во таа смисла и на нашиот Факултет. Како рамноправни членови на Академската заедница, континуирано се трудиме истите да го заземат правото место и значење. Младите колеги, во целост се третираат како вредност во која безрезервно инвестираме труд и знаење. На овој начин сигурни сме дека по нивното дипломирање истите успешно ќе го претставуваат нашиот Факултет во сите сфери на општественото живеење и истите ќе бидат нашите најдобри амбасадори. На крај, би сакал на сите сегашни и идни студенти да им честитам за вистинскиот избор на високообразовна институција и им посакувам успешен академски живот.

Галерија

За нас

Ценејќи ја 34-годишната традиција на Факултетот за физичка култура при Универзитетот „Св.Кирил и Методи” од Скопје, може слободно да кажам дека истата претставува најстара и најреномирана наставно-научна институција во Република Македонија од подрачјето на кинезиологијата. Повеќе ...

Контакт

Адреса: ул.„Димче Мирчев бр.3”
1000 Скопје, Република Македонија
Телефон: +389 2 3113 654
Факс: +389 2 3119 755
E-mail: admin@ffosz.ukim.edu.mk

Повеќе ...