Not seeing a Scroll to Top Button? Go to our FAQ page for more info.
Додипломски Студии
Постдипломски Студии
Докторски Студии
Литература

Конкурс за запишување студенти на втор циклус студии во учебната 2014/2015 година

На Факултетот за физичка култура во Скопје во прва година на втор  циклус студии во учебната 2014/2015 година се предвидува да се запишат следниов број студенти:
- 30 студенти студиска програма - кинезиологија, 2 семестра,  цена  2000 евра.
- 30 студенти студиска програма - спортски менаџмент, 2 семестра, цена 2000 евра.

Право на конкурирање
Право на конкурирање имаат кандидати што ги исполнуваат следниве општи услови:
- да  завршиле  прв  циклус  студии  на  соодветни  или  сродни  студии  и  кои  исполнуваат  други
- услови  предвидени  со  студиските  програми  за  организирање  втор  циклус  студии  на соодветниот факултет, односно научен институт.

Документи за пријавување
Пред пријавувањето  во роковите утврдени со Конкурсот, секој заинтересиран кандидат  треба  да  се  регистрира  на  www.upisi.ukim.edu.mk  и  да  ја  пополни  електронската  пријава.  Бројот  којшто  кандидатот  автоматски  го  добил  од  системот  за  електронското  пријавување  треба  да се внесе и во пријавниот лист што се поднесува при пријавувањето за запишување.  Пријавувањето се врши на соодветниот факултет односно научен институт.

Со пријавата кандидатите поднесуваат:
- пријавен лист за запишување;
- електронска пријава (од www.upisi.ukim.edu.mk);
- диплома за завршен прв циклус студии;
- куса биографија (CV);
- потврда за знаење странски јазик;
- препораки од наставни или научни работници (доколку има такви);
- список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку кандидатите имаат);
- документи за евентуални награди, признанија и други документи

Рокови за пријавување и запишување
- Пријавување на кандидатите во првиот уписен рок 15 септември до 17 октомври 2014 год.
- Запишување на кандидатите  23-24 октомври 2014 год.  
- Пријавување на кандидатите во вториот  уписен рок 8-20 јануари 2015 год.
- Запишување на кандидатите  во вториот  уписен рок  26-27 јануари 2015 год.
- Во вкупниот износ е вклучена и одбраната на магистерскиот труд

- Конкурс

Галерија

За нас

Ценејќи ја 34-годишната традиција на Факултетот за физичка култура при Универзитетот „Св.Кирил и Методи” од Скопје, може слободно да кажам дека истата претставува најстара и најреномирана наставно-научна институција во Република Македонија од подрачјето на кинезиологијата. Повеќе ...

Контакт

Адреса: ул.„Димче Мирчев бр.3”
1000 Скопје, Република Македонија
Телефон: +389 2 3113 654
Факс: +389 2 3119 755
E-mail: admin@ffosz.ukim.edu.mk

Повеќе ...