Not seeing a Scroll to Top Button? Go to our FAQ page for more info.
Додипломски Студии
Постдипломски Студии
Докторски Студии
Литература

ФАКУЛТЕТОТ ЗА ФИЗИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ, СПОРТ И ЗДРАВЈЕ – СЕВКУПЕН ПОБЕДНИК НА УНИВЕРЗИТЕТСКИТЕ СПОРТСКИ НАТПРЕВАРИ НА УКИМ


Дојдовме и до “финишот” на овогодинешните Универзитетски спортски игри на Универзитетот Св. Кирил и Методиј од Скопје. Повеќе од два месеци Факултетот за физичко образование, спорт и здравје беше домаќин на натпреварите од универзитетските спортски игри на УКИМ. Секојдневно студентите имаа можност да ја прикажат нивната спортска страна, но и  да ги одмерат “силите” на терените.
Според програмата понеделникот беше резервиран за натпреварите во мал фудбал, вторникот за кошарката, средата за ракометот и четвртокот за одбојката.
Покрај екипните спортови на Универзитетските спортски натпревари на УКИМ беа застапени и пет поединечни спортови (стрелање со воздушна пушка, тенис, куглање, пинг-понг и во шах) во машка и женска конкуренција.
Интересно е да напоменеме дека на годинешните Универзитетски спортски натпревари учествуваа 19 факултети со вкупно 1247 студенти од факултетите кои се дел од УКИМ што преставува една навистина импозантна бројка.
По одигрувањето на финалните натпревари на програмата беше и церемонијата на свеченото доделување на наградите на кое присуствуваше ректорот на Универзитетот Св. Кирил и Методиј од Скопје проф.д-р. Никола Јанкуловски, како и проректорите проф.д-р. Биљана Ангелова и проф.д-р. Вујица Живковиќ. Финалните натпревари ги следеа и голем број на декани, професори, студенти, другари кои што дојдоа да им дадат подршка на учесниците.
И како што доликува на една ваква голема спортска манифестација, но и како што е редот присатните ги поздрави домаќинот на универзитетските спортски натпревари,  деканот на Факултетот за физичко образование спорт и здравје проф.д-р. Ленче Алексовска Величковска која што го искажа своето задоволство за укажаната доверба од ректоратот за честа за реализрање на една ваква голема и важна манифестација за целокупното општество.
Интересно е да напоменеме дека беа доделени и посебни награди и тоа за:
ФЕР ПЛЕЈ, а наградата ја доби екипата во мал фудбал од факултетот за Ветеринарна медицина, како и за СЕВКУПЕН ПОБЕДНИК, односно најуспешен факултет со најмногу освоени први места, Факултетот за физичко образование спорт и здравје. 
Наградите ги додели ректорот на Универзитетот Св. Кирил и Методиј од Скопје проф.д-р. Никола Јанкуловски.
Честитки до добитниците на наградите, како и до сите оние кои што зедоа учество на годинашниве Универзитетски спортски натпревари на УКИМ.
со одигрувањето на првите натпревари во мал фудбал, започнаа
овогодинешните   Универзитетски   спортски   натпревари   на   УКИМ-2018   во
екипна и поединечна конкуренција на кои се очекува да настапат над 2000
студенти на УКИМ
Денес се играа натпреварите во мал фудбал.
Беа постигнати следните резултати:
Медицински факултет - Богословски факултет 10 : 0
ФЕИТ - Правен факултет 2 : 1
ФИНКИ - ПМФ 1 : 4
Денес со одигрувањето на првите натпревари во мал фудбал, започнаа
овогодинешните   Универзитетски   спортски   натпревари   на   УКИМ-2018   во
екипна и поединечна конкуренција на кои се очекува да настапат над 2000
студенти на УКИМ
Денес се играа натпреварите вомал фудбал.
Беа постигнати следните резултати:
Медицински факултет - Богословски факултет 10 : 0
ФЕИТ - Правен факултет 2 : 1
ФИНКИ - ПМФ 1 : 4

Галерија

За нас

Ценејќи ја 34-годишната традиција на Факултетот за физичка култура при Универзитетот „Св.Кирил и Методи” од Скопје, може слободно да кажам дека истата претставува најстара и најреномирана наставно-научна институција во Република Македонија од подрачјето на кинезиологијата. Повеќе ...

Контакт

Адреса: ул.„Димче Мирчев бр.3”
1000 Скопје, Република Македонија
Телефон: +389 2 3113 654
Факс: +389 2 3119 755
E-mail: admin@ffosz.ukim.edu.mk

Повеќе ...