Not seeing a Scroll to Top Button? Go to our FAQ page for more info.
Додипломски Студии
Постдипломски Студии
Докторски Студии
Литература

ПРОЕКТИ

  • Проект за континурано следње на врвните спортисти ( сениори-ки), спортски екипи и репрезнтации од Република Македонија кои учествуваат на европски и светски првенства, олимписки игри и регионални натпревари

 Во 2014 година се планира да се започне проект за континуирано следење на спортистите, спортските екипи и националните репрезенатации, во првата фаза ќе бидат опфатени федерациите за фудбал, кошарка и ракомет, како и спортистите во атлетика,  пливање, бокс, борење и карате(модерно). Во развојната димензија на проектот планирано е постапно за неколку години  да се опфатат сите национлани спортски федерации.
Согласно утврдена методологија и стандарди ќе бидат обработувани антропометриски, моторички, фунционлани и психолошки карактеристики на спортистите од Република Македонија. Истражувањата ќе бидат користени од страна на националните спортски федерации, научни и образовни институции,стручни тела на федерациите,тренери и селектори. Но  ќе се користат и како основа за креирање на политики за развој на врвниот спорт во Република Македонија.

  • Проект за континуирано следење на развојот на талентираните  ученици-спортисти во проектот „ Спортска академија„.

Во 2014 година се планира да започне проектот за следење на  талентираните учениците-спортисти во Република Македонија се опфат на  Првата, Втората и Третата генерација на „Спортската академија“. Согласно утврдена методологија и стандарди ќе бидат обработувани антропометриски, моторички, фунционални и психолошки карактеристики на учениците талентирани спортистите од „Спортската академија“.  Во развојниот концепт на овој проект се предвидува да се опфатат и талентираните ученици спортисти од националаните селекции на У-14, У-16, У-18 и У-20. Истражувањата ќе бидат користени од страна на националните спортски федерации, научни и образовни институции, слектори, тренери и наставнци од аспект на градење на концепт за рана спортска специјализација и спортско усовршување на талентираните ученици спортисти од Република Македонија.
Истражувачка тим – Проект „Континуирано следење на остварувањата на учениците спортисти во Спортската академија“

  • Проект децентрализацијата на спортот во Република Македонија во перидот 20015-2020

По утвредна методологија ќе се анализраат и валоризират остварувањата во децентрализацијата на спортот, по што ќе се препорача модел на рационалното организрање на спортот во единците на локалната самоуправа, делувањето на националните спортски федерации и ќе се подготват  препораки за развој на спортот во едиците на локалната самоуправа и планските региони во перидот 2015 -2020. Со истражувањето ќе се опфатат сите единци на локаланта смоуправа, 84 општини и градот Скопје, и 8 плански региони на Република Македонија.

  • Анализа на спортските системи за училишен и унверзитетски спорт во Република Македонија

Согласно утврдена методологија и стандарди ќе биде анализиран постојниот систем на организација, натпревари и активности  во училишниот и универзитетскиот спорт. По што ќе се препорача модел за рационално организирање на спортот во училишниот и универзитетскиот спорт, врз основа на индексите на остварувања како основа за креирање на развојни полтики

  • Проект за воведување на лиценцен систем ( спортисти, тренери, објекти, менаџери и др.) во дејноста спорт во Република Македонија.

Со анализа на состојбите во спорот, проекции на потребите на клубовите и федерациите, врз основа на искуства од повеќе земји и меѓународни инстиституции, ќе се подготват препораки за уредување на лиценцен систем во  спортот во Република Македонија, во насока на изедначување со меѓународни  стандарди како основа за наше рамноправно учество во межународниот спортски систем.
Инстититутот за  научно-истражувачка работа во спорт ќе реализира и проекти на барање на заинетресирани органи, организации и спортски здруженија од Република Македонија за кои е неопходна научна и стручна поддршка.
Проектите ќе ги реализраат научни тимови, составени од научни и стручни работници од Република Македонија, согласно нивната специјланост.

Галерија

За нас

Ценејќи ја 34-годишната традиција на Факултетот за физичка култура при Универзитетот „Св.Кирил и Методи” од Скопје, може слободно да кажам дека истата претставува најстара и најреномирана наставно-научна институција во Република Македонија од подрачјето на кинезиологијата. Повеќе ...

Контакт

Адреса: ул.„Димче Мирчев бр.3”
1000 Скопје, Република Македонија
Телефон: +389 2 3113 654
Факс: +389 2 3119 755
E-mail: admin@ffosz.ukim.edu.mk

Повеќе ...