Not seeing a Scroll to Top Button? Go to our FAQ page for more info.
Додипломски Студии
Постдипломски Студии
Докторски Студии
Литература

ПРИОРИТЕТИ НА ИНСТИТУОТ

Организационо и материјлано консолидирање

Институтот за научно-истражувачка работа во спортот, како внатрешна организациона единица на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје приоритетно ќе соработува со Основите внатрешни организациони единци на факултетот: катедрите за индивидуални спортови, спортски игри,  моноструктурални спортски активности, теоретско и методски истражувања  во општествени науки, биолошко медицински науки и Центарот за анализа и обработка на податоци, користејќи го афирмираниот научен кадар и научниот подмладок вработен во нив.
Инстититуот за научано-истражувачка работа во спортот ќе соработува и со други научни институции, организации и научни и стручни работници од земјата и пошироко.

Обезбедување на просторни услови за функција на Институтот ќе се решава во неколку фази. Седиштето на Инстититуот е на Факултетот за физичка култура, каде ќе се обавуваат сите организациони и административно технички активности. Во однос на реализација на  лабарториски и ситуациони тестирања, ќе се користат спортските сали на Факултетот за физичка култура и објектите за спорт каде што тренираат спортистите, спортските екипи и националните репрезентации.
Во зависност од средствата со кои ќе располагаат Факултетот и Институтот, планирано во наредните пет години да се  обезбедува простор за работа.

Набавка на опрема, апаратура и реквизити, за потребите на Институот  планирано е да се реализира во неколку фази. Во почетокот ќе биде користена постојната опрема, апаратура и реквизити на основите внатрешни организациони единци на факултетот.
Според планираното треба  да се обезбадат средства од: централната и локалната власт, сопствени средства, донатори и спонзори и националните спортски федерации и кои ќе бидат користени за набавка на опрема. Истата ќе биде обезбедувана согласно потребите и приоритетите на Институтот.
Во зависност од средствата ќе биде набавувана опрема по утврден приоритет во наредниот период.
Во реализација на Програмата на Институт за научно-истражувачка работа во спортот ќе бидат ангажирани:

  • наставници и соработници
  • пензионирани наставници
  • асистенти – магистри и докторанти од катедрите
  • магистранти и докторанти
  • надворешни соработници
  • стручни лица од одредени области
  • научен подмладок – од студенти

Во состав на Институт за научно-истражувачка работа во спортот ќе работат неколку советувалишта за родители, ученици, спортисти и тренери од областа кинезилошките науки.
Во зависност од средствата и поддршката на Министерството за образование и наука, Агенцијата за млади и спорт, Министерството за локална самоправа, Министертсвото за здравство, и потребите на национaлните спортски федерации ќе се реалзираат повеќе проекти во наредниот период. Во текот на 2014 година ќе биде евидентиран научниот и стручниот потенцијал во Република Македонија, кои ќе биде вклучен во научните истражувања во спортот, во зависност од нивната специјалност.

Галерија

За нас

Ценејќи ја 34-годишната традиција на Факултетот за физичка култура при Универзитетот „Св.Кирил и Методи” од Скопје, може слободно да кажам дека истата претставува најстара и најреномирана наставно-научна институција во Република Македонија од подрачјето на кинезиологијата. Повеќе ...

Контакт

Адреса: ул.„Димче Мирчев бр.3”
1000 Скопје, Република Македонија
Телефон: +389 2 3113 654
Факс: +389 2 3119 755
E-mail: admin@ffosz.ukim.edu.mk

Повеќе ...