Not seeing a Scroll to Top Button? Go to our FAQ page for more info.
Додипломски Студии
Постдипломски Студии
Докторски Студии
Литература

ИНСТИТУТ ЗА НАУЧНО – ИСТРАЖУВАЧКА РАБОТА ВО СПОРТОТ

Донесувањето на Програмата за развој на спортот во Република Македонија во перидот 2013-2017 година („Службен весник на Република Македонија бр. 4/2013”) иницира формирање на Институт за научнo поддршка на спортот и физичкото воспитување при Факултетот за образование, спорт и здравје во Скопје. Министерството за образование и наука (бр.13-11341/1), Агецнијата за млади и спорт( бр.08-87/2) и Универзитетот „Св. Кирил и Методииј” од Скопје ( бр.10-787) го направија првиот чекор со потпишување на Меморнадумот за соработка за поддршка на реализација на Програмата за развој на спортот во Република Македонија за периодот 2013 -2017 донесена од страна на Владата на Република Македонија година заради формирање на Институт за научно-истражувачка работа во спортот при Факултетот за образование, спорт и здравје во Скопје, потпишан на 09.09.2013 година. Факултетот за образование, спорт и здравје во Скопје во текот на 2014 година превзема активности за исполнување на законски и административни предуслови за негово отпочнување со работа.
Наша цел е реализација на фундаментални истражувања во спортот и примена на на развојни и апликативни проекти; перманентна едукација на човечките ресурси во спортот; примена на научни истражувања од базичните науки во спортот; истражувања поврзани со планирање, водење и трансформирање на клубовите и федерациите, како и истражувања за потребите на централната и локалната власт, во однос креирање на полтики за развој на спортот и образованието. Како и постојано усовршување на сопствените научни и стручни кадри и размена на информации со научни институции во земјата и Европа. Институт за научно-истражувачка работа во спортот при Факултетот за образование, спорт и здравје во Скопје во треба да придонесе за развојот на спортот во Република Македонија.
Визија - Институт за научно-истражувачка работа во спортот континуирано да обезбедува научна и стручна поддршка на спортистите, учениците и граѓаните, во спортските клубови, федерации, воспитно образовни институции за спортување согласно можностите, интересите и потребите на секој учесник во спортот. Со примена на науката во усовршување на спортската технологија за остварување на врвни спортски резултати и обезбедување на кадровски и материјални потенцијали ќе настојуваме да бидеме модерен Институт кои ќе го доближи спортот до секој граѓанин.
Конституирање на Институт за научно-истражувачка работа во спортот се реализира во првото полугодие на 2014 година, согласно член 45 став 2 од Законот за високото образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 35/2008, 103/2008, 26/2009, 83/2009,99/2009, 115/2010, 17/2011, 51/2011, 123/2012, 15/2013 и 24/2013), член 80 од Статутот на Универзитетот „Св. Кирил Методиј” во Скопје („Службен весник на Република Македонија“ бр. 156/2008) и членовите 27а, 27б, 27в и 27г од Правилникот за внатрешните односи и работењето на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје ( Универзитетски гласник на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје бр.12/2011).
Деканот на Факултетот за физичко образование, споррт и здравје, врз основа на член 64 од Законот за високото образование („Службен весник на Република Македонија“ бр. 35/2008, 103/2008, 26/2009, 83/2009,99/2009, 115/2010, 17/2011, 51/2011, 123/2012, 15/2013 и 24/2013),член 27б и член 53 Правилникот за внатрешните односи и работење на Факултетот за физичка култура во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје ( Универзитетски гласник на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје бр.19/2013) донесе Одлука, дел. Бр.02-204 од 9.04.2014, со која започна реалзација на формирање на Институт за научно-истражувачка работа во спортот.

Галерија

За нас

Ценејќи ја 34-годишната традиција на Факултетот за физичка култура при Универзитетот „Св.Кирил и Методи” од Скопје, може слободно да кажам дека истата претставува најстара и најреномирана наставно-научна институција во Република Македонија од подрачјето на кинезиологијата. Повеќе ...

Контакт

Адреса: ул.„Димче Мирчев бр.3”
1000 Скопје, Република Македонија
Телефон: +389 2 3113 654
Факс: +389 2 3119 755
E-mail: admin@ffosz.ukim.edu.mk

Повеќе ...