Not seeing a Scroll to Top Button? Go to our FAQ page for more info.
Додипломски Студии
Постдипломски Студии
Докторски Студии
Литература

ЕТИЧКИТЕ ВРЕДНОСТИ И НОРМИ

НА УНИВЕРЗИТЕТОТ Св. КИРИЛ И МЕТОДИЈ" во СКОПЈЕ

Општи одредби

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје e институција на највисоките вредности: Вистината, Доброто и Убавината.
Основна цел на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" е Знаењето. Тоа се истражува и се развива како фундаментална и апликативна наука и се шири преку запознавање со светските научни дострели, преку размена на научни информации со другите универзитети во земјата и во странството и со пренесување преку разни медиуми. Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" знаењата на најсовремен начин, им ги предава на своите студенти.
На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" работат и студираат, ја развиваат науката и се усовршуваат многу стручњаци и млади кандидати од сите области на човечкото знаење и од вештините. Тие имаат големи обврски спрема Универзитетот, а меѓу себе одржуваат особени дејствени и морални односи. Должностите и моралната практика на сочинуваат специфична етика.
Основни цели и карактеристики на универзалната академска етика, па така и на етиката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј", се: достојно извршување на функциите на академските институции, унапредување на научната и на наставната дејност на Универзитетот и во општеството, ширење на академската култура, почитување на академските традиции, чување на достоинството и самодостоинството на академските дејци, добри односи меѓу институциите и дејците на Универзитетот, грижа за младите, за студентите и за специјализантите, одржување и развивање на етиката на благородно однесување, на неповредување никого, на давање помош и развивање на општите хуманистички идеи. Посебните етички цели и вредности на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" произлегуваат од неговата положба на најстар и најразвиен универзитет во Република Македонија и од карактеристиките на неговиот академски развој.
Изложените вредности и норми на Етичкиот кодекс на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" се задолжителни за сите негови наставници, студенти и за вработените. Тие етички норми бараат и поттикнуваат добро дејствување на Универзитетот и меѓу колегите. Сите се обврзуваат, со својата чест, дека ќе  се придржуваат кон овие определби и норми како составен дел од својата академска дејност и кариера.

- Етички кодекс

Галерија

За нас

Ценејќи ја 34-годишната традиција на Факултетот за физичка култура при Универзитетот „Св.Кирил и Методи” од Скопје, може слободно да кажам дека истата претставува најстара и најреномирана наставно-научна институција во Република Македонија од подрачјето на кинезиологијата. Повеќе ...

Контакт

Адреса: ул.„Димче Мирчев бр.3”
1000 Скопје, Република Македонија
Телефон: +389 2 3113 654
Факс: +389 2 3119 755
E-mail: admin@ffosz.ukim.edu.mk

Повеќе ...